ВИДЕО | Нашата репортерка Атовска на лице место: Краков е град на солидарноста со бегалците

Кристина Атовска, известувач на Утрински брифинг и Слободен печат од Украина / Утрински брифинг
Кристина Атовска, известувач на Утрински брифинг и Слободен печат од Украина / Утрински брифинг

Долг беше патот и долги беа подготовките за нашиот специјален дописник да стаса до Полска и денес ќе се обиде да влезе во Лвов во Украина градот кој е најмалку под руски напади засега.

-Од она што успеав да го забележам засега се доброволци од различни земји кои одат да се вклучат во борбата на украинска страна. Некои оод нив велат дека се воени ветерани. Еден од нив е од Чиле, вели дека сака да се бори против Путин но дека има и лична причина бидејќи му загинал пријател во Украина, вели нашата репортерка Кристина Атовска.

Таа додава дека Краков во Полска е подготвен за приливот на бегалци од Украина, а има и лица кои пристигнале буквално без ништо, без документи, без облека. За нив градот Краков обезбедува помош. Краков е град на хуманоста и низ цел град има билборди на кои пишува „Има работа за Украинци“. Сите се обидуваат да им помогнат на бегалците, известува Кристина Атовска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот