ВИДЕО | Населението цела ноќ со лопати го гаснеше пожарот кај скопското село Глуво

Повеќе од 200 волонтери и една противпожарна екипа цела ноќ се бореа со огнот во скопското село Глуво. Населението со лопати го гаснело огнот, спречувајќи го да се шири кон куќите.

Луѓето сами копале со багери и камиони…Мештаните за „Слободен печат“ раскажуваат дека го изгаснале огнот на повеќе ридови околу селото, кој се заканувал да им ги проголта куќите.

Во раните утрински часови, како што велат граѓаните, пристигнале хеликоптери по што се потсмирила ситуацијата.

Општината Чучер Сандево вчера прогласи вонредна состојба поради активните пожари на нејзиното подрачје, објави градоначалникот Сашко Комненовиќ во видеообраќање до граѓаните на општината и до јавноста. Одлуката, како што рече Комненовиќ, е донесена затоа што состојбата со пожарите и натаму е вон контрола, сериозна и загрижувачка.

Според него, била забележана бавна реакција на надлежните институции за справување и за гасење на пожарот.

И покрај тоа што беа пренаменети армиски возила во возила за гаснење пожари и власта се пофали дека е многу поподготвена од претходните години, сепак се повторува истото – населението само да се бори против пожарите и да ги спасува своите домови.

ВИДЕО: Драматична состојба во Скопско – 200 волонтери со лопати сами го спасуваат Глуво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот