ВИДЕО: Нагетси го декласираа Кливленд, Јокиќ со „дабл-дабл“ учинок!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Денвер конечно ја прекина црната серија од три победи совладувајќи го Кливленд доста убедливо со 133:95 во НБА лигата.

Доцна синоќа кандидатот за МВП, српскиот центар Никола Јокиќ оствари „дабл-дабл“ учинок од 12 поени и исто толку асистенции.

Поефикасен од него беа Милсап со 22 поени, три помалку имаше Портер, 16 поени Бартон, а младиот Наџи додаде 14.

На спротивната страна за Кавалирси доминираше Ален со 18 поени и 10 скока.

НБА, резултати –

Вашингтон – Торонто 115:137
Далас – Атланта 118:117
Бруклин – Индијана 104:94
Мемфис – Шарлот 130:114
Минесота – Л.А. Клиперс 112:119
Чикаго – Њу Орлеанс 129:116
Денвер – Кливленд 133:95
Л.А. Лејкерс – Оклахома 114:113 (по 1 продолжение)
Феникс – Милвоки 125:124

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот