ВИДЕО НА ДЕНОТ: Германски фудбалер по натпревар ја запроси девојката

EPA-EFE/Maja Hitij

Германскиот фудбалер Макс Крузе ја запроси девојката по денешниот натпревар на неговата репрезентација против Саудиска Арабија на Олимписките игри во Токио.

Напаѓачот на Унион Берлин за време на разговорот со германската државна телевизија АРД, го зеде микрофонот, го соблече дресот и остана со маичката на која на курдски јазик пишуваше: Те сакам, ќе се омажиш ли за мене?“.

Потоа фудбалерот клекна и рече: Мила, заедно сме неколку месеци, речиси една година и тоа беше прекрасно време. Те сакам и те прашувам дали би сакала да бидеш моја сопруга?“.

Крузе сакал да ја запроси својата девојка по натпреварот против Бразил во првото коло, но репрезентацијата на Германија загуби, а тој не постигна гол.
– Сакав да го сторам ова кога ќе постигнам гол, но кој знае кога ќе се случи тоа – изјави Крузе.
Според германските медиуми, девојката на Крузе ја прифатила брачната понуда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот