ВИДЕО | Муцунски: Во текот на денот ќе назначам нов в.д. директор на ОУ „Љубен Лапе“

Градоначалникот Муцунски ќе назначи нов в.д. директор на ОУ Љубен Лапе/Фото: Слободен печат/Ристе Пејовски

Градоначалникот на ОУ „Љубен Лапе“, Тимчо Муцунски во изјава за Слободен печат вели дека подолго време ја предупредувал директорката на училиштето „Љубен Лапе“ дека е време да преземе нешто во врска со настаните во училиштето.

– Јас бев запознаен со однесувањето на наставничката по математика и постојано и сугерирав на директорката да преземе конкретни мерки со кои ќе го спречи непристојниот однос на наставничката кон учениците. Наместо тоа, таа ова наставничка ја преместуваше од едно во друго одделение, за на крај да ескалира ситуацијата. Ние како општина не смееме и нема да се мешаме во тоа што таму се случува. За наставниот кадар надлежен е просветниот инспекторат и Министерството за образование и наука. Директорката на училиштето ме информираше дека си поднела оставка од функцијата и јас во текот на денот ќе морам да именувам нов в.д. директор кој ќе треба да најде решение за состојбата, рече Муцунски.

Тој нагласува дека имал и неформални средби со родителите во обид да се најде решение за проблемот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот