ВИДЕО | Морачанин: Законот за легализација на дивоградбите испраќа лоша порака

Маја Морачанин
Маја Морачанин/ Фото: Утрински брифинг

Законот неколку месеци веќе е поднесен во Собрание, но бидејќи беше во скратена постапка брзо се одвиваше неговото усвојување и на Комисијата за транспорт и врски и на пленарна седница, вели лидерот на ДОМ и пратеник Маја Морачанин.

Самиот закон е навистина неприфатлив за нас бидејќи со него се овозможува легализација на дивоградби меѓу другото и во заштитени подрачја. Ние имавме еден закон од претходно сличен на овој, кој што овозможуваше легализирање на дивоградбите но оние што беа изградени до март 2011 година и тој закон во неколку наврати беше продолжуван и заврши во март оваа година, изјави Морачанин.

Значи граѓаните кои што имале дивоизградени објекти имале 10 години време да поднесат барање и да легализираат согласно законот доколку објектот бил изграден до март 2011 година. Но ова законско решение сега прво нема рок што значи додека не се заврши целата постапка трае рокот иако граѓаните имаат шест месеци да поднесат барање се додека тоа не се реши нема ограничувања до кога ќе важи законот и она што исто така е различно е дека сега со ова законско решение ќе може да попднесат барања за легализација на објектите изградени до денот на влегување во сила на законот што би значело дека и доколку сега некој објект се гради на диво кога ќе стапи законот во сила сопственикот на тој објект има право да поднесе барање, вели Морачанин.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот