ВИДЕО | Момче или девојче: Борко и Нина Ристовски на забавен начин го открија полот на бебето

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Ракометарот Борко Ристовски и неговата сопруга Николина пред два месеца преку социјалните мрежи ја споделија радосната вест дека нивното семејство наскоро ќе стане побогато за уште еден член.

„Сега сме 3, а наскоро 4“ – напиша тогаш ракометарот на својот инстаграм профил, споделувајќи ја прекрасната вест со своите пријатели, роднини и следбеници додека со својата сопруга и синот уживаат на плажа.

Во еден познат скопски ресторан во кругот на најблиските, парот овој викенд на забавен начин го откри полот на бебето. Со интересна анимација изведена од маскоти во форма на две џиновски бебиња облечени во розева и сина облека, Нина и Борко на присутните им открија дека ќе станат родители на девојче.

Анимацијата беше особено забавна за присутните, како и за идните родители кои уживаа во секој момент од прославата.


Нина и Борко се 5 години во среќен брак, а круна на нивната љубов е синот Душан. Наскоро малечкиот Душан ќе добие нова улога – постар брат, а семејството ќе стане побогато со уште еден член.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот