ВИДЕО | Молеровиќ: Институциите и Владата да го земат училиштето во Подвис како приоритет – се распаѓа споменикот и стожерот на македонската култура

Апелираме до институциите, владата, да го земат како приоритет училиштето во Подвис-кичевско, бидејќи се работи за едно исклучително културно, историско, природно, јазично наследство што е и тоа како денеска важно, изјави во „Утрински брифиг“ на „Слободна ТВ“ професорката Наде Молеровиќ, едукатор и мотивациски говорник.

– Додека бев директор на „Гоце Делчев“ од Скопје добивме поддршка од страна на оштините и градоначалниците кои искажаа интерес да ни помогнат, во смисла на првична морална поддршка. Добивме поддршка од Институтот за македонски јазик. Со оваа инцијатива сметаме и сакаме да покажеме дека имаме должност како професори, учители, наставници да зборуваме за почетокот на образованието, затоа што тука се почетоците, рече професорката Наде Молеровиќ.

– Ако сакаме и се повикуваме на историјата и корените тогаш зошто да дозволиме корените да ги затрупаме и да го исушиме дрвото на иднината. Ако не се потсетуваме на оваа традиција на животот нема да стигнеме далеку. Имам впечаток дека навистина досега, 70 години ништо се нема направено во ова училиште, и го имам како аманет од татко ми, да се кажува историската вистина и сме должни да ја пренесуваме на нашите деца, вели Молеровиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот