ВИДЕО | Митревски: Очекувам успешен попис, ДПМНЕ собира потписи за внатрепартиски потреби

Започнува најголемата статистичка операција во земјава – се попишува дијаспората, затворениците, вработените во дипломатските претставништва.

Паралелно ВМРО – ДПМНЕ повикува на бојкот на овој попис, а Алијансата за Албанците смета дека пописот ќе биде некредибилен.

-Јас очекувам успешно да се заврши оваа статистичка операција затоа што таа ни е неопходна за водење на сите политики во државата. Она што го прави ВМРО – ДПМНЕ со собирањето на потписи, не е формално правно издржано ниту пак има некаква реална цел за да го спречи одвивањето на пописот, изјави за Собраниски брифинг на Утрински брифинг координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

-Доколку имаа цел да поднесат Закон тоа можеа да го сторат со потпис од само еден пратеник и на тој начин та продолжат формално правно да пробаат ако мислат дека не е во ред и да ја спречат оваа операција. Но тие тоа го прават само за нивни внатрепартиски потреби, вели Митревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот