ВИДЕО: Милвоки се избори за мајсторка, Мидлтон и Јанис го срушија Бруклин

Јанис Адетокумпо стана најдобар блокер во историјата на Милвоки бакс/Фото: EPA-EFE/MATT MARTON

Милвоки бакс го совлада Бруклин нетс со 104:89 со што израмни на 3:3 во победи во полуфиналето од плеј-офот во Источната конфереција и се избори за мајсторка. Милвоки одлично го отвори натпреварот, веќе во првата четвртина направи двоцифрена предност (18:5) која ја одржуват до крајот на полувремето.

Во третата четвртина, Бруклин предводен од Кевин Дурент негативата од 14 поени ја намали на само пет (72:67), но Крис Мидлтон и Јанис Адетокумпо имаа одговор и со своја мини серија од 10:0 повторно направија двоцифрена предниот. Последниот обид на Бруклин да се врати во игра кога дојде до 82:77, беше одбиен со нова серија од 14:0 со што беа решени дилемите околу победникот и Милвоки се избори за мајсторка.

– Не чувствувавме никаков притисок, ова е кошаркарски натпрвеар. Знаеме што ќе значеше пораз, но ова е спорт и треба да се ужива во него – изјави Мидлтон кој со 38 поени беше најпрецизен на натпреварот, а воедно и постави рекорд на кариерата во плеј-офот. Јанис Адетокумпо имаше дабл-дабл од 30 поени и 17 скокови.

Кај Бруклин, најефикасен беше Кевин Дурент со 32 поени и 11 скокови, додека Џејмс Харден постигна 16 поени.  Одучувачкиот седми натпревар ќе се игра во недела од 2.30 часот, а домаќин ќе биде тимот на Бруклин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот