ВИДЕО | Мечка снимена како трча низ град во Словачка, двајца повредени откако животното ги нападнало

Мечка, илустративна фотографија/Фото: Uhlíř Patrik / ČTK / Profimedia

Две лица се во болница откако биле нападнати од мечка во словачкиот град Липтовски Микулаш, соопштија тамошните власти. 49-годишна жена се здобила со повреда на рамото, додека на 72-годишен се здобил со повреди на главата, потврдија официјални лица, пренесува Би-Би-Си.

Извештаите велат дека полицијата продолжила да ја брка мечката надвор од градот и ја испратила во шумата. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како мечката се движи по патот, а во едно, како напаѓа човек на тротоарот.

Веста доаѓа еден ден откако 31-годишна Белорусинка починала обидувајќи се да избега од кафена мечка во блиските планини Ниска Татра. Таа шетала со маж низ област со густа шума и стрмни клисури кога мечката ги начекала.

Според зборовите на мажот, тој и жената избегале во различни правци. Нејзиното тело подоцна го открило куче трагач набргу откако повикало помош.

Има голем број напади на мечки во Словачка во последниве години, вклучително и еден фатален напад во 2021 година, кој во тоа време беше пријавен како прв во Словачка по еден век. Некои членови на популистичко-националистичката коалиција во Словачка повикаа на полабава заштита за мечките за да може зголемениот број да се регулира со лов.

Министерството за животна средина соопшти дека заедно со Романија ќе претстави предлог на следниот Совет на министри за животна средина на ЕУ за прекласификација на мечките на списокот на заштитени видови, бидејќи нивниот број значи дека тие повеќе не се загрозени и можат селективно да се убиваат. Истражувачите сепак велат дека немало експлозија кај проценетата популација на мечки во Словачка, која според нив останува стабилна на околу 1.275.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот