Жена во Словачка загина во блиска средба и бркотница со мечка

Мечка, илустративна фотографија/Фото: Uhlíř Patrik / ČTK / Profimedia

Жена (31) од Белорусија починала откако била бркана од мечка на северот на Словачка, пишува Би-Би-Си.

Словачката планинска спасувачка служба соопшти дека телото на жената било извлечено од шума во планините Ниски Татри вчера вечерта.

Жена се шетала со маж кога на нив налетала мечка. Според зборовите на мажот, тој и жената избегале во различни правци. Областа има густа шума и стрмни клисури.

Словачките власти соопштија дека жена и маж се шетале во долината Демановска кога мечката почнала да ги брка. Телото на жената го открило куче трагач набргу откако нејзината пријателка отишла да побара помош.

Мечката се уште била во близина, а планинската спасувачка служба ја исплашила со предупредувачки истрели од пушка. Се уште не е јасно дали жената паднала и умрела или била убиена од мечка.

Словачкиот заменик министер за заштита на животната средина изјави дека властите веднаш ќе ја објават информацијата дека жената е убиена од мечка и дека нема да ја сокријат.

Серија напади на мечки врз луѓе во Словачка

Имаше голем број напади на мечки врз луѓе во последниве години, вклучително и еден фатален напад во 2021 година. Тој напад, наводно, бил првиот фатален напад на мечка во Словачка по еден век. Членовите на новата популистичка националистичка влада на Словачка се изјаснија против, како што велат, прекумерната заштита на животната средина во ЕУ за предаторите како волците и мечките, пишува Би-Би-Си.

Мечките и волците се вратија во Словачка преку Карпатите во децениите по падот на комунизмот во 1989 година. Мечките се вообичаени во планинскиот венец Карпати, кој се протега од Романија преку западна Украина до Словачка и Полска.

Министерството за животна средина соопшти дека ќе претстави предлог со Романија на следниот Совет на министри за животна средина на ЕУ за рекласификација на мечките како заштитени видови, бидејќи нивниот број значи дека тие повеќе не се загрозени и можат селективно да бидат убиени.

Сепак, истражувачите велат дека немало експлозија кај проценетата популација на мечки во Словачка. Се вели дека популацијата на мечките останува стабилна на околу 1.275.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот