ВИДЕО | Мартин Богатиноски: Поради суетата на владиците и натаму имаме две цркви во Македонија

Мартин Богатиноски/ Фото Слободен печат/ Драган Митроски

Пред пола година МПЦ и СПЦ си пружија рака и прогласија екуменско единство. Гледано лаички и од страна, сите спорови што Скопје и Белград некогаш ги имале сега се минато. Тоа е веројатно и така, но во Скопје, односно во Македонија, се чини како спорот сè уште да не е решен. Односно статусот на ПОА и натаму е канонски, иако МПЦ ОА во меѓувреме се здоби со томос за афтокефалност, што е состојба неприфатлива за православието, тврди Мартин Богатиноски, кој утрово беше гостин во програмата на Утрински печат.

– Постои Православната охридска архиескопија ПОА на архиескопот Јован и МПЦ која беше во раскол, а сега веќе не е во раскол, а пак ПОА беше автономна црква којашто беше во единство со останатите цркви. Сега двете цркви се практично признати и таа состојба е недозволива. Требаше многу брзо да се интегрираат двете цркви, но еве и по пола година немаме договор – вели новинарот на Плусинфо.

Богатиноски важи за еден од најупатените новинари во Македонија, кога се во прашање црковните прашања, а за актуелната ситуација во која двете цркви не можат да се договарат тој смета дека главен проблем се суетите на владиците од двете страни.
Тој говореше и за дискриминацијата со која верниците, но и свештениците на ПОА се соочувале во изминатите години.

На следниот линк погледнете го целото интервју со Мартин Богатиноски:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот