ВИДЕО: Манчестер сити го елиминираше Челси, од Лига купот испаднаа Арсенал и Тотенхем

фото: EPA-EFE/Tim Keeton

Беа одиграни уште осум натпревари од 1/16 финалето во англискиот фудбалски Карабао куп, или ако сакате Лига куп.

Фудбалерите на Манчестер сити во дерби натпреварот на оваа рунда рутински го совладаа Челси на домашен терен со 2:0. Сите дилеми беа решени во второто полувреме, кога во период од пет минути по еден гол за „граѓаните“ постигнаа Хулиан Алварес и Ријад Марез.

Испаднаа уште два гиганти од Лондон, Тотенхем е елиминиран од Нотингем форест со 2:0, додека Арсенал со 1:0 дома загуби од Брајтон.

Ливерпул не дозволи изненадување иако потешко од очекувањата успеа да го совлада Дерби на својот „Енфилд“. Немаше голови во регуларните 90 минути, а во пенал серијата играчите на Јирген Клоп славеа со 3:2.

Во останатите мечеви: Њукасл – Брајтон (0:0, 3:2 пенали), Саутемптон – Шефилд Веднздеј (1:1, 6:5 пенали), Вест хем – Блекбурн (2:2, 9:10 пенали) и Вулверхемптон – Лидс 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот