ВИДЕО: Манчестер јунајтед мораше да се спасува од пораз против Лидс во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед по 13 последователни победи во своите натпреварувања на „Олд Трафорд“ остана без победа на домашен терен, одигра само нерешено против Лидс со 2:2 во одложениот натпревар од осмото коло во Премиер лигата.

Веќе во 56 секунда студен туш за повеќето навивачи на „Олд Трафорд“. По додавање на Бамфорд, Нјонто со прецизен удар го совлада Де Хеа, за водство на Лидс. На стартот од второто полувреме Самервил во 48 минута по пробивањето по левата страна се обиде да ја испрати топката на петерецот, а Варан ја затресе сопствената мрежа за 0:2.

Во 63 минута „црвените ѓаволи“ се вратија во мечот. Дало одлично нафрли од левата страна, Рашфорд беше највисок во скокот, со глава го совлада Мелије – 1:2. Само две минути подоцна гостите можеа повторно да дојдат до предност од два гола, но Аронсон од голема далечина ја погоди стативата.

По само 11 минути игра репрезентативецот на Англија Санчо постигна израмнувачки гол. Рашфорд имаше одлична шанса во 87 минута да направи целосен пресврт, но голманот на Лидс успеа да го одбрани неговиот удар од пет метри.

На табелата Манчестер јунајтед е на третата позиција со 43 бодови, зад Арсенал (50) и Манчестер сити (45), додека Лидс е засега во безбедната зона на 16 место со 19 бодови. Лидс и Манчестер јунајтед ќе се сретнат повторно за четири дена овојпат на „Еланд роуд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот