ВИДЕО: Малата лавица Кика се опоравува во Зоолошката градина во Суботица

Фото: Принтскрин/ SUBOTICA.com

Малата лавица Кика која минатата недела беше пронајдена дехидрирана, слаба, изнемоштена во околината на Суботица се уште е во лоша, но стабилна состојба.

Како што објави порталот Суботица, лавицата е сместена во Зоолошката градина каде е ставена во помал кафез за помалку да се движи.

За жал, состојбата се уште е лоша, но барем е стабилна. Мора да мирува за да зараснат раните, да закрепне измачениот организам и без болка да застане на нозе, да почне да се храни според потребите. Таа има потреба од одмор и е ставена во помал кафез за што помалку да се движи. Се надеваме на најдоброто – пишува порталот.

ВИДЕО | Лавче пронајдено на пат кон Суботица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот