ВИДЕО| Макрон во Загреб потпиша декларација за партнерство, купените борбени Рафали го надлетаа Загреб

epa09602097 Croatian President Zoran Milanovic (R) and French President Emmanuel Macron (L) listen national hymns during the latter's official visit to Zagreb, Croatia, 25 November 2021. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и францускиот претседател Емануел Макрон во Бански двори потпишаа Договор за стратешко партнерство, што дополнително ќе ги зајакне односите меѓу официјален Загреб и Париз.

Франција и Хрватска веќе склучија стратешко партнерство во 2010 година, но новиот договор ќе го прошири и продлабочи во голем број нови области. Тоа ќе биде рамка за натамошно зајакнување на односите на двете држави

 EPA-EFE/HINA / POOL

Со новото стратешко партнерство Франција ја поддржува Хрватска во повеќе области, политички, економски и културни, вклучително и оние кои се стратешки цели на Загреб – влез во Шенген зоната и еврозоната и членството на Хрватска во ОЕЦД, соопштија хрватските власти

 

По билатералната средба меѓу Пленковиќ и Макрон, Хрватска и Франција потпишаа договор за купување на француски борбени авиони од типот „Рафал“, со што одбранбената способност на хрватската армија ќе се подигне на многу повисоко ниво.

Договорот го потпишаа министрите за одбрана на двете земји Марио Баножиќ и Флоренс Парли.

За потсетување, Хрватска купува 12 употребувани француски борбени авиони Dassault Rafale F3R, 10 едноседи и два двоседи од Франција, првата воена сила на Европската унија, по цена од 999 милиони евра, кои ќе бидат платени на пет рати. од 2022 до 2026 година.

„Овие договори отвораат нова димензија и страница за зајакнување на одбранбените способности на хрватската армија и хрватските воздухопловни сили“, рече Пленковиќ на владината седница во средата.

Тој претходно нагласи дека „набавката на борбени авиони Рафале стратешки ја менува позицијата на Хрватска во воена, одбранбена смисла, во однос на силата кон меѓународните партнери, безбедносните сојузи и коалициите“.

Два Рафала кои Хрватска ќе ги купи полетаа од Франција и го прелетаа Загреб.

 

Се очекува првите авиони да пристигнат во Хрватска кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.

Во 2007 година Рафал се покажа во борбите во Авганистан, потоа во Либија, Сахел и Блискиот Исток, а во 2015 година, една година подоцна, првата продажба на тие авиони започна во Египет, Катар и Индија.

Хрватска е втората земја во Европската унија по Грција која го купи Рафал , а француската понуда е избрана во конкуренција на американскиот (нов F-16 Block 70), шведскиот (нов JAS 39 Gripen) и израелскиот ( F-16 Barak ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот