ВИДЕО | Макрадули: Владата не се откажува од продажба на поштата, јавно-приватно партнерство е реална варијанта

Јани Макрадули, директор на Пошта / Утрински брифинг
Јани Макрадули, директор на Пошта / Утрински брифинг

-Во моментов нето загубата за оваа година е околу 3 милиони евра, но има акумулирано и други загуби кои не се поврзани со работењето оваа година на Пошта. Оваа загуба се должи на два фактори – ковидот и стечајот на Еуростандард банка, вели директорот Јани Макрадули за Утрински брифинг.

-Полека се опоравуваме но сепак сме далеку од она што беше во 2020 година. Доцниме во рамки на финансиските услуги. Пошта има околу 1 милион приход, додава тој.

-Јавното приватно партнерство е реална варијанта. Процесот на легализација со објектите на пошта се уште не е завршен и немаме многу недвижен имот бидејќи тој што го има го делиме со германски Телеком.  На потенцијалот што го имаме потребен е додатен инпут и експертско знаење за нова организациона умешност. Ние се бориме сами, а во голем дел од земјите во светот буџетот се субвенционира, вели Макрадули.

-Податоците покажуваат дека клиентите се враќаат на услугите на Македонска пошта но се бориме и со нелегална конкуренција. Во земјава циркулираат коли од друга држава и вршат достава, без притоа да се плати данок а со тоа губи државата, вели тој.

-Ние постојано нудиме и бараме решенија до Владата, заеднички настапуваме со Телеком, сега сме во процес на поделба на струјата… Владата не се откажува од пошти, со јавното приватно партнерство ќе ја зајакнеме услугата, и ќе направиме крупни чекори напред, изјави за Утрински Брифинг генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот