ВИДЕО: Мајсторија на Бензема и вреден гол на Челси за реми во Мадрид
Вечерва во Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите ремизираа екипите на Реал и Челси (1:1).
Убава шанса имаа гостите во 10 минута, ударот на Вернер успеа да го запре Куртоа. Но, четири минути подоцна поведоа лондонските „сини“, стрелец на погодокот беше Пулишиќ после една убава акција.
Во 22 минута ја видовме и првата сериозна шанса на „кралевите“, Бензема одлично се намести, уште подобро шутираше, но ја погоди стативата.
Неполни половина час игра дојде и израмнувањето, после еден корнер, Милитао ја врати топката пред голот на гостите, каде одлично се снајде Бензема и мајсторски реализираше за поставување на конечниот епилог.
Во вториот дел играчите на Зинедин Зидан можеа да направат целосен пресврт, во 64 минута Винисиус им избегна противничките дефанзивци, но недостасуваше завршница.
И на спротивната страна премиерлигашот можеше да си замине од ова гостување со уште подобар резултат, но своите можности во гол не ги претвори Зијеш во 72 и 79 минута, овој вториот обид од слободен удар.
Дефинитивно очекуваме возбудлив реванш кој е закажан за 5 мај 2021 година на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.