ВИДЕО | Лукаревска: Од „буре барут“ станавме фактор на регионална стабилност, нека е честит и вековит Денот на независностa

Сања Лукаревска / Фото: Скриншот/СДСМ

Нека е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември! 30 години од историскиот референдум во 91-та година кога го поставивме темелот на современата држава, со гордо крената глава може да кажеме: заедно успеавме, вели заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во своето обраќање до македонската јавност.

– Денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната, економски напредна, слободна и демократска држава со своја лична карта во Обединетите Нации. Полноправна членка на НАТО, пред почеток на преговори со ЕУ, пријател на демократскиот свет. Економијата е стабилна, парите се враќаат кај граѓаните, платите растат, се гради на сите страни!

После три турбулентни децении, од „буре барут“ станавме фактор на регионална стабилност и почитуван пример за мирно решавање конфликти. Тоа е заеднички успех на сите наши граѓани!

Низ сите овие години, учевме важни лекции и созревавме како општество. Научивме дека единствениот правилен пат е патот на демократијата, на слободата, на економскиот развој.

Дека успешната македонска приказна е заедничката приказна на сите луѓе кои живеат овде без разлика на вера и припадност, земја на еднаквост и еднакви можности. Затоа „едно општество за сите“ не е само фраза, туку е клуч за развој и просперитет на граѓаните и државата. Така треба и да продолжиме.

30 години независност одбележуваме во време во кое нашата истрајност, жилавост, храброст и решителоност не водат до справување и со најсилните предизвици со кои се соочи и целиот свет.

Во нашата заедничка борба за подобро утре, продолжуваме напред, заедно! Тоа најдобро го знаеме. Нека е за многу години, вели Лукаревска.

Ова е програмата за прославата на Денот на независноста – 8 Септември

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот