Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Лука Дончиќ ги водеше Лејкерси до нова победа во НБА-лигата

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс продолжуваат со одличната форма во рамките од НБА-лигата. Тимот на Џеј Џеј Редик ја забележа својата шеста последователна победа, победувајќи ги Хјустон рокетс со 100:92.

Играчот на „езерџиите“, Лука Дончиќ, повторно беше најефикасен со 36 поени и ова беше и негов шести натпревар по ред со повеќе од 30 поени.

Словенецот запиша и шест скока и четири асистенции, а имаше одлична поддршка во Леброн Џејмс, кој забележа 18 поени, како и пет скока и ист број на асистенции.

Во редовите на Хјустон кој го заврши мечот со дури 24 изгубени топки, се истакнаа Џабари Смит Џуниор со 22 поени, додека Амен Томпсон и Кевин Дурант имаа 19 и 18 поени, соодветно.

Во Западната конференција, Лејкерси се на третата позиција со учинок (43-25), а веднаш зад нив се Рокетси на четвртото место (41-26).

НБА лига, резултати:

Атланта – Орландо 124:112
Вашингтон – Голден Стејт 117:125
Бостон – Феникс 120:112
Бруклин – Портланд 95:114
Чикаго – Мемфис 132:107
Њу Орлеанс – Далас 129:111
Хјустон – ЛА Лејкерс 92:100
ЛА Клиперс – Сан Антонио 115:119

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот