ВИДЕО: Локатели го имитираше Роналдо, но не и рускиот селектор Черчесов!

Фото: Принтскрин/Youtube

Поместувањето на шишенцата во текот на прес конференциите стана хит на Европското првенство, а сè започна со португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Играчот на Јувентус, Роналдо ги тргна на страна двете шишенца „Кока-Колиа“ од неговата маса, и само кратко порача „Пијте вода“.

Потоа, францускиот репрезентативец Пол Погба збунето гледаше во пивото „Хајнекен“ и истото веднаш го отстрани.

Фудбалерот на Италија, Мануел Локатели кој постигна два гола во победата над Швајцарија, тргна по стапките на Роналдо, ги стави на страна двете шишенца „Кока-Кола“, и тој ја стави водата како приоритет, а пивото остана на своето место.

Рускиот селектор Станислав Черчесов беше расположен по триумфот над Финска и тој беше контра Роналдо и Локатели и се освежи со „Кока-Кола“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот