ВИДЕО: Италија ја суреди Швајцарија и се пласира во осминафиналето

epa09278290 Players of Italy celebrate winning the UEFA EURO 2020 group A preliminary round soccer match between Italy and Switzerland in Rome, Italy, 16 June 2021. EPA-EFE/Andreas Solaro / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Фудбалската репрезентација на Италија прва обезбеди пласман во осминафиналето на Евро 2020 откако вечерва на „Олимпико“ ја победи Швајцарија со 3:0.  Фудбалерот за кого гигантите се „тепаат“ за неговиот потпис, Мануел Локатели блескаше на „Олимпико“ постигнувајќи два гола, а првиот го постигна во 26. минута по асиснтецијата на соиграчот од Сасуоло, Федерико Бернарди.
Претходно, беше поништен голот на Џорџо Кјелини бидејќи по прегледот на снимката беше утврдено дека играл со рака.
На стартот од второто полувреме, во 53. минута, Локатели зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Чиро Имобиле во 89 минута.

Видео на денот