ВИДЕО: Ливерпул убедливо го надигра Брентфорд, Салах се врати со гол и асистенција

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Ливерпул победија на гостински терен Брентфорд со 4:1, во натпреварот од 25 коло во Премиер лигата.

По подолг период настап за „црвените“ имаше една од најголемите ѕвезди во тимот, Мохамед Салах кому ова беше прв меч по враќањето на теренот откако настапуваше за репрезентацијата на Египет, а потоа беше и повреден.

Во 35 минута Дарвин Нуњез погоди за Ливерпул, а Алексис Мекалистер го удвои водството во 55. минута по асистенцијата на Салах кој потоа во 68 минута се запиша и во листата на стрелците.

Седум минути подоцна единствениот гол за Брентфорд го постигна Иван Тони, а конечниот резултат го постави Коди Гакпо во 86 минута.

Ливерпул е прв на табелата со 57 бодови, пет повеќе и два натпревари повеќе од Манчестер Сити, додека Брентфорд е 14-ти со 25 бодови. Брентфорд во следното коло ќе гостува кај Манчестер сити, додека Ливерпул ќе го пречека Лутон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот