ВИДЕО: „Литија за спас на Косово“ се одржа во Белград, тензии меѓу учесниците и полицијата
Неколку стотици учесници на „литија за спас на Србија – литијата за свето Косово и Метохија“, попладнево дошле во црковниот храм посветен на Свети Сава во Белград – дел од нив влегле на литургијата, а некои останале надвор и вербално се судрија со полицајците кои го обезбедувале собирот, јавува „Н1“.
Препорачано
На платото пред црквата Свети Сава имаше голем број униформирани полицајци, но и оние во цивилна облека.
На снимките се гледа дека полицијата се обиде да ја отстрани жената која држеше говор на влезот во Храмот. Откако ѝ се доближија, полицајците набрзина беа опколени од масата луѓе кои извикуваа „усташи“, „удбашка држава“, „срам да ви е“.
Како што претходно соопшти агенцијата „Фонет“, сите учесници на поворката, по инцидентот со полицијата влегле во храмот Свети Сава.
Патријархот на СПЦ на молебенот во петокот рече дека Црквата нема ништо против секој на свој начин да ја изрази својата грижа за светата српска земја и да ја организира надвор од црквата.
„Но, Црквата не може да се согласи дека без тоа некој надвор од храмот се облекува во негово име и го користи неговото име, без разлика за каква организација станува збор“, рече патријархот на СПЦ Порфириј.


