ВИДЕО: Лилард запиша 60 поени против Јута, се израмни со Џордан и Харден

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Иако никогаш не бил ставен во иста категорија на суперѕвезди како Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент или Џанис Антетокунмпо, Демијан Лилард уште еднаш покажа дека статистички може да биде подобар од сите нив. Тој синоќа постигна 60 поени во победата на Портланд над Јута Џез со 134:124 во НБА лигата.

Тоа е негов четврти ваков натпревар во кариерата, изедначувајќи се со Мајкл Џордан и Џејмс Харден, а пред него се само Вилт Чембрлен, кој тоа го направи недостижно 32 пати и Коби Брајант со шест натпревари со најмалку 60 поени. Лилард особено се истакна со ефикасноста со која го постигна тој подвиг.

Погоди 21 од 29 удари од поле (74%), девет од 15 тројки и девет од 10 слободни фрлања. Тој е само четвртиот играч во историјата кој постигнал 60 поени со шут подобар од 70%, по Чембрлен (четири пати), Карл Мелоун во 1990 година и Дејвид Томпсон во 1978 година.

Но, никој пред него немаше постигнато 60 на помалку од 40 обиди од поле, а на Лилард му беа потребни само 29. Се разбира, тоа исто така значи дека 60-те на Лилард се најмногу поени што некој постигнал од максимални 29 шута.

Лилард во еден момент постигна 20 поени на Блејзерс во низа, а до крајот на третата четвртина стигна до вкупно 50. Тогаш се израмни со Леброн Џејмс со 14 натпревари со најмалку 50 поени, а повеќе имаат само Чембрлен (118), Џордан (31), Брајант (25) и Харден (23).

На патот до синоќешните 60 поени, Лилард погоди девет тројки и се искачи на шестото место на сите времиња по бројот на тројки, пресконувајќи го Винс Картер и сега има 2292. Следен пред него е Кајл Корвер со 2450 , а лидер е Стеф Кари со 3278 тројки.

НБА лига, резултати:

Орландо – Индијана 126:120
Филаделфија – Бруклин 137:133
Њу Орлеанс – Минесота 102:111
Хјустон – Вашингтон 103:108
Милвоки – Денвер 107:99
Оклахома – Атланта 132:137
Голден Стејт – Мемфис 122:120
Портланд – Јута 134:124
Сакраменто – Торонто 95:113
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 113:104

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот