ВИДЕО | Лејкерси го победија Хјустон и без Дончиќ и Ривс, Јокиќ со трипл-дабл тргна во плеј-офот
Екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс поведоа во своите серии од првото коло на плејофот во Западната конференција, откако забележаа триумфи над Хјустон Рокетс, односно Минесота Тимбервулвс.
Препорачано
Лејкерси славеа со 107-98 против Рокетс, во натпревар во кој блесна Лук Кенард со рекордни за него 27 поени. Леброн Џејмс одигра одлична партија со 19 поени и 13 асистенции, додека Деандре Ејтон додаде 19 поени и 11 скока. Тимот од Лос Анџелес настапи ослабен без своите први ѕвезди Дончиќ и Остин Ривс, но знаеше како да го искористи отсуството на Кевин Дурант кај противникот.
Во натпреварот кој се играше претходно, Денвер ја совлада Минесота со 116-105, иако гостите подобро го отворија мечот. Клучна беше третата четвртина, кога Џамал Мареј беше незапирлив и го предводеше пресвртот. Јокиќ запиша трипл-дабл од 25 поени, 13 скока и 11 асистенции, додека Арон Гордон придонесе со 17 поени. Кај Минесота, Ентони Едвардс постигна 20 поени, а Руди Гобер додаде 17.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


