Фото: Houston Rockets

ВИДЕО | Леброн одигра натпревар за заборав, прва победа за Хјустон во серијата

Кошаркарите на Хјустон славеа убедлива победа над Лос Анџелес Лејкерс со 115:96 во четвртиот натпревар од првата рунда во плејофот на Западната конференција, намалувајќи ја предноста на „езерџиите“ на 3:1 во серијата.

И покрај тоа што беа на работ на елиминација и ослабени без повредениот Кевин Дурант (скочен зглоб), младиот состав на Хјустон одигра одличен меч и јасно стави до знаење дека нема лесно да се предаде. Серијата сега се сели во Лос Анџелес, каде в среда навечер ќе се игра петтиот дуел.

Средбата ја одбележа и инцидент во третата четвртина. Центарот на Лејкерс, Деандре Ејтон, беше исклучен на пет и пол минути до крајот на периодот поради груб прекршок, откако намерно го удри во глава турскиот центар Алперен Шенгун.

Токму Шенгун беше еден од клучните играчи во победата со 19 поени, додека стартната петорка на Рокетс ја предводеше Амен Томпсон со 23 поени. Значаен придонес дадоа и Тари Исон со 20 поени, како и Рид Шепард со 17 и Џабари Смит Џуниор со 16 поени.

На спротивната страна, една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката, Леброн Џејмс, имаше вечер за заборав. „Кралот“ постигна само 10 поени, со слаб шут од игра (2/9), а притоа забележа и дури осум загубени топки пред да биде повлечен на клупата во финишот од натпреварот.

Лејкерс целосно потфрлија во шутот за три поени, реализирајќи само пет од 27 обиди, што е драстичен пад во однос на претходните три натпревари во кои заедно постигнаа 35 тројки.

Во вториот натпрерар кој се играше во вечерта Бостон со победа на гости кај Филаделфија од 128:96 исто така намали на 3-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот