ВИДЕО | Крстевски: Не одигравме толку лошо за да загубиме со висока разлика

бојан крстевски
Бојан Крстевски има повреда на препоната/Фото: kfsm.mk

Денеска во Киев македонската сениорска репрезентација загуби на вториот натпревар од квалификациите за Светскиот куп 2023 од Украина со 78:61 во Киев.

Бојан Крстевски беше нашиот најефикасен стрелец на дуелот против Украинците. Капитенот на нашиот национален тим реално ги отслика случувањата на теренот во „Палатата на спортовите“ во Киев.

– Сакам да ѝ честитам на Украина за победата. Одигравме доста добро прво полувреме. Но, не продолживме така во ист ритам. Немавме концентрација, посебно во неколку минути од продолжението. Така беше и со Шпанија. Мораше да бидеме во текот на сите 40 минути на ниво ако сакавме да победиме.

Не одигравме толку лошо за да загубиме со висока разлика. Но, се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри и ќе растеме како тим – рече Крстевски.

Следните два меча во квалификациската група „Г“ ќе ги играме следната година, на 24 февруари во Тбилиси против Грузија и три дена подоцна против истата селекција.

Бајиќ по поразот од Украина: Во вториот дел ја загубивме енергијата за игра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот