Бајиќ по поразот од Украина: Во вториот дел ја загубивме енергијата за игра

бајиќ
На македонскиот селектор Бајиќ не му е одобрена визата за влез на косовска територија/Фото: kfsm.mk

Нашата најдобра репрезентација го претрпе и вториот пораз во квалификациите за пласман на Светскиот куп 2023, иако иако бевме многу добри во првите 20 минути, во финишот кога беше најпотребно резултатски да се држиме против Украина, падна концентрацијата.

Македонскиот селектор Драган Бајиќ не беше задоволен од прикажаното, особено во второто полувреме во кое противникот стигна до преубедлива победа, прва за нив во овие квалификации.

– Честитки за Украина за победата. Морам да ги пофалам момците за првото полувреме кога е во прашање. Имавме краток период на подготовка за овој меч. Ги испочитувавме работите за кои се договоривме во поголемиот дел од мечот. Влеговме во дуелот со еден спор ритам. Не дозволивме Украина да се разигра, менувавме одбрана, имавме контрола на играта, го држевме и скокот под контрола, немавме грешки.

Но, во вториот дел снемавме енергија. Можеби напорниот пат си го направи своето. Така ја загубивме концентрацијата и се распадна сè што градевме претходно. Фокусот и концентрацијата на крајот одлучија за конечниот резултат. Шпанија и Украина беа доста тешки натпревари за нас.

Мора да одиме понатаму, има уште натпревари да се играат и во февруари се надевам дека ќе бидеме комплетни. Ни недостасуваат пет играчи, тоа е многу и ни прави проблем во подготовката на натпреварите – рече Бајиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот