ВИДЕО | Крис Вуд го разочара „својот“ Њукасл на „Боксинг деј“

Фото: Nottingham Forest

Њукасл сезонава се мачи на гостувањата, но денеска избраниците на Еди Хау разочараа и на домашен терен против аутсајдерот Нотингем Форест од кого загубија со убедливи 1:3.

Црно-белите влегоа како фаворити во натпреварот, но на крајот загубија убедливо, а со тоа се зголеми и притисокот врз тренерот Еди Хау бидејќи во минатото коло беа поразени и од Лутон.

Не изгледаше дека Њукасл ќе има проблеми затоа што напаѓаше и прв стигна до водство со голот на Исак од пенал по 23 минути игра. Гостите не напаѓааа многу, меѓутоа една од ретките шанси искористија кон крајот на првиот дел кога Еланга го пронајде Крис Вуд, а екс-фудбалерот на Њукасл го постигна првиот од треите гола на оваа средба.

Тој гол на Нотингем како да ги исфрли од ритам фудбалерите на Њукасл, па во второто полувреме беа во подредена улога. Нотингем знаеше да го користи просторот кој беше оставен на половината на Њукасл, а одличен во реализацијата беше Вуд кој со уште два гола обезбеди важни три бода за својот тим.

Со овој триумф Нотингем се искачи на 16-тото место на табелата со 17 бода, додека Њукасл по четвртиот пораз на последните пет натпревари е седми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот