ВИДЕО | Креативно или бизарно, проценете сами: Полуголи девојки рекламираат ковчези

русија
Фото: Принтскрин/Твитер

Руска компанија за погребални услуги смислила бизарен начин да ги промовира своите производи и услуги, кој наиде на голем број негативни коментари, пренесува „TCH“.

Во рекламата се појавуваат модели кои во долна облека позираат пред ковчезите. Луѓето на социјалните мрежи го нарекоа видеото „невкусно и навредливо“, а некои дури ги обвинија и за богохулење.

На објавеното видео се гледаат неколку полуголи девојки кои позираат во близина, па дури и внатре во ковчезите. Девојките се облечени само во долна облека, лежат во ковчезите или заводливо се потпираат на нив.

„Рекламирањето на погребални услуги достигна ново ниво“, стои во описот на видеото кое беше споделено на Твитер.

Не е познато дали властите ќе преземат правни мерки против рекламата, но таа секако предизвика тревога на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот