ВИДЕО: Кога Теодосиќ сака да асистира, а постигне кош!

Фото: Virtus/Giulia Pesino

Во рамките од четвртото коло во Еврокупот составот на Виртус Болоња на домашен терен го совлада Монако со резултат 94:85.

Од почетокот на сезоната тоа е четврта победа по ред за италијанскиот клуб за моментно прво место на табелата во групата „Ц“.

Придонес во новиот триумф имаше и Милош Теодосиќ кој реализираше 14 поени и запиша 12 асистенции.

На видео записот можете да погледнете дел од одличните асистенции на српскиот плејмејкер.

Кошаркарската и спортската јавност е навикната да ужива како асистира до неговите соиграчи во текот на мечевите, но има и такви асистенции кои се толку добри и понекогаш влегуваат во кошот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот