ВИДЕО | Ќе ви ги стопи срцата: Снимката од средбата на Кијану Ривс и деветгодишен обожавател

Фото: Принтскрин/Твитер

Холивудскиот актер Кијану Ривс ги воодушеви обожавателите на промоцијата на својата книга стрипови во Лос Анџелес. Момчето по име Ноа, кое има девет години, дошло кај Ривс и му кажало дека тој му е најомилен актер на светот, а Кијану веднаш започнал разговор со него.

 

Ривс му се заблагодарил за поддршката, а потоа го прашал дали се сеќава на Дјук Кабум од анимираниот филм „Toy Story 4“ од 2019 година, ликот на кој што тој му го позајмил гласот.

Момчето рекло дека тоа е неговиот омилен лик, а потоа Кијану проговорил во гласот на војводата Кабум и го воодушевил него, но и многу луѓе на Твитер, а видеото собрало речиси три милиони прегледи.

Видеото од нивната средба се прошири на социјалните мрежи, а многумина напишаа дека „на светот му требаат повеќе луѓе како Кијану“.

„На светот му требаат повеќе луѓе како Кијану“, „Тој се однесува прекрасно во присуство на деца“, „Кијану е единствениот вистински GOAT“, „Тој секогаш е толку искрен, скромен и приземјен“, „Тој е многу добар човек“, „На него дека е добар човек“, се само дел од коментарите под видеото.

Ова не e првпат славниот актер да ги воодушеви своите обожаватели со ваквиот пристап. И претходно ги изненади со постапки кои покажаа колку ги цени. Токму затоа многумина го нарекуваат еден од најљубезните луѓе во Холивуд.

Пред неколку недели, Кијану ги изненади вработените во еден британски паб, кои приказната ја споделија на својата фејсбук-страница.

„Денес имавме изненадувачки гостин на ручек. Колку убав човек. Го прашавме дали би сакал да се фотографира со екипата од кујната, а тој веднаш влезе во кујната, им подаде рака на сите и ја пофали храната“, напишаа тие.

 

Кијану Ривс доби понуда за брак од обожавателка, а неговиот одговор ги насмеа присутните

Кијану Ривс го воодушеви светот: Разговараше со обожавател на аеродром, му одговори на секое прашање

ФОТО | Секогаш свој, непроменет од славата: Кијану Ривс се прошета со шноли на главата низ Берлин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот