Кијану Ривс го воодушеви светот: Разговараше со обожавател на аеродром, му одговори на секое прашање

кијану ривс
Кијану Ривс со обожавател / Фото: Принтскрин / Твитер

Кијану Ривс стана хит на „Твитер“ откако продуцентот Ендрју Кимел на социјалната мрежа објави фотографија од актерот со едно момче кое го забележало како излегува од лет во Њујорк.

„Кијану Ривс беше на мојот лет од Лондон за Њујорк. Еден млад човек му побара автограм и почна да му поставува низа прашања, а Кијану беше добро расположен и му одговори на секое прашање“, напиша Ендрју во описот на фотографијата од Ривс со младиот фан.

Имено, Ривс и момчето започнале разговор на аеродромот кога го прашал зошто е во Лондон. Ривс му објаснил дека снима документарен филм. Кога момчето останало без прашања, Киану почнал да го прашува зошто е во Европа, кои галерии ги посетил во Париз и која му е омилена.

„Човекот не можеше да биде попристоен, особено по меѓународен лет. Сакав да го споделам ова затоа што човекот е прекрасен и малите моменти како овој можат да направат голема разлика во животите на луѓето. Ни требаат повеќе луѓе како Киану! И да, го прашав за фотографија. Морав!“, додаде продуцентот.

Корисниците на твитер беа воодушевени од гестот.

„Кијану Ривс е легенда“, „Ова само докажува колку е прекрасен“, „Ми се допаѓа како се однесува Кијану. Ова е реткост“, „Кијану е неверојатно добар човек“, се дел од коментарите под објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот