ВИДЕО | Кејт Мидлтон конечно видена во јавност! Принцезата изгледа среќно и опуштено во друштво на Вилијам

Фото: EPA

Кејт Мидлтон конечно е видена во јавност, насмеана и опуштена, додека е на кратка прошетка. На британските портали се појави кратко видео на кое се гледа принцезата од Велс со сопругот. Таа изгледа среќно и здраво, што имплицира дека успешно се опоравува од операцијата на абдомен.

На видеото објавено од „Сан“, Вилијам (41) и Кејт Мидлтон (42) можат да се видат како ја посетуваат продавницата во Виндзор, што донекаде ја смири сомнителната јавност, која беше во страв за животот и здравјето на принцезата од Велс со денови.

Кејт изгледа здраво, среќно и опуштено, носи торба за пазарење, насмеана разговара со сопругот додека излегува од продавницата и се враќа во својот автомобил. Таа е облечена во опуштена, спортска комбинација.

Инаку, принцезата, која последен пат беше видена во јавноста на Божиќ минатата година, се очекува да се врати на јавните обврски по 17 април. Сепак, постои претпоставка дека Кејт би можела да се врати на своите обврски уште порано и дека дури би можела да присуствува на велигденската богослужба во капелата Свети Џорџ на имотот во Виндзор.

ФОТО| Спорната фотографија на Кејт Мидлтон со децата не е прво фијаско, една и претходно привлече внимание

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот