ВИДЕО | Капитенот на Катар по освојувањето на Азискиот Куп одликуван како Меси на Мундијалот

Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Фудбалерите на Катар го одбранија трофејот во Азискиот куп откако на свое тло на на стадионот „Лусаил“ во финалето пред 86.000 гледачи го победија Јордан со 3:1.

Херој на Катарците беше Акрам Афиф кој постигна хет-трик, а интересно е што сите три гола Катар ги постигна од елата точка. Резултатот беше отворен во 22-та минута, потоа Ал Наимат израмни на 1:1. Новите два погодоци Афиф ги постигна во 73-та и 95-та минута.

Внимание привлече и моментот на доделувањето на наградите каде што капитенот на Катар, Ал Хајдос беше одликуван слично како Меси по освојувањето на Мундијалот со Аргентина кој исто така се играше во Катар.

За Катар ова е втор трофеј во Азискиот куп откако претходно го освоија и турнирот во Обединетите Арапски Емирати. Следното издание на Азискиот куп ќе се игра во 2028 година, а домаќин ќе биде Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот