ВИДЕО: Камерун закажа четвртфинале со Гамбија во Африканскиот куп на нации

Камерунците со 2:1 ги елиминираа Коморските Острови/ фото: EPA-EFE/GAVIN BARKER

Репрезентативците на Камерун се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации откако ја совладаа селекцијата на Коморските Острови со 2:1.

Стрелци на головите за Камерун беа Токо Екамби во 29 и Винсент Абубакар во 70 минута од средбата. Единствениот погодок за Коморите го реализираше Јусуф М`Чангама во 81 минута на дуелот во Јаунден.

Коморските Острови уште од седмата минута играа со фудбалер помалку откако црвен картон доби Наџим Абду. Воедно на овој меч настапија без ниту еден голман, првата опција Салим Бен Боина не можеше да игра поради повреда на рамото, а резервните чувари на мрежата Мијад Усеини и Али Амада добија позитивни тестови на коронавирус. Улогата на голман ја доби левиот бек Шакер Алхадур.

За пласман во полуфиналето избраниците на селекторот Тони Консеисао ќе се соочат за Гамбија која со 1:0 ја елиминираше Гвинеја со голот на Муса Бароу, членот на Болоња, во 71 минута.

Веќе е познато дека во четвртфиналната фаза силите ќе ги одмерат селекциите на Буркина Фасо и Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот