ВИДЕО | Калиопи откри дека на поранешниот сопруг му се јавува среде ноќ: Моето дете има две мајки

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Калиопи Букле и нејзиниот колега Жељко Самарџиќ долгогодишното пријателство го крунисаа со дует наречен „Знам“, кој го напиша поранешниот сопруг на пејачката, Ромео Грил. Пејачката деновиве дала интервју за порталот „24седам.рс“ во кое зборувала за новата песна, за новитетите, приватни и деловни…

Калиопи се раздели од својот прв сопруг пред три децении, а сега откри дека е во одлични односи со него.

Иако пред три децении се раздели од Ромео, Калиопи не крие дека среде ноќ може да му се јави на поранешниот партнер, а неговата сопруга дури дошла да ја поддржи во промоцијата на новиот дует.

„Тогаш најмногу можам да му се јавам затоа што е во студио и работи. Знам каде е. Ние денес сме тука семејно. Ромео дојде со сопругата, таа ми е најблиска пријателка. Ние живееме така. Секогаш велам дека моето дете има две мајки, пред малку Ромео рече: ‘Ромео има три жени’. Толку се спријателивме, така е“, вели таа.

Таа потенцира дека помеѓу нив нема љубомора и суета, дека тие имаат „минато и сегашност, а верува и иднина“…

Калиопи, меѓу другото, зборувала и за загубата на татко ѝ, кој почина минатата година.

„Минатата година го изгубив татко ми, ми беше многу тешко. Дента кога ме известија дека починал, имав концерт на Фрушка Гора. Имав два концерта по ред. Одработивме сѐ одлично, јас пеев како никогаш досега, имав чувство дека тој е покрај мене, но сега ако ме прашате за кој било детаљ од тој концерт, ништо не се сеќавам. Тоа ми беше многу тешко. Животот носи сѐ. Треба да живееме во моментот, не знаеме што ќе биде утре.“

 

ФОТО | Калиопи наполни 56 години: Благодарна сум на сѐ и не би сменила ништо

ФОТО | Калиопи наполни 56 години: Благодарна сум на сѐ и не би сменила ништо

Концерт на Калиопи во Велешкиот театар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот