ФОТО | Калиопи наполни 56 години: Благодарна сум на сѐ и не би сменила ништо

Калиопи / Фото: Инстаграм/Калиопи

Македонската поп-дива Калиопи Букле денеска го прославува својот 56. роденден и по тој повод сподели своја фотографија од летните денови на социјалните мрежи.

Во описот на фотографијата, нашата Опи напиша дека е преблагодарна за сѐ во нејзиниот живот и дека не би сменила ништо.

„Дојде и овој ден!
Дали сум на море? Не!
Дали би сакала да бидам? Да!
Дали им се радувам на годиниве? Да!
Дали би сакала да бидат помалку? Не!
Дали сум задоволна со мојот живот? Да!
Дали би сменила нешто? Не!
Затоа што за сите овие години, со сите мои раѓања и паѓања, мојот живот има смисла колку на оваа фотографија, за која сигурно не ви е јасно зошто токму една летна во зима.
Е па, затоа што токму таков е и мојот живот! А јас, се разбира, преблагодарна!
Ве сака Опи!“, напиша Калиопи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го поминала во Кичево.

Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната „Мојата учителка“.

Својата посериозна музичка кариера ја започнала во групата „Калиопи“, заедно со нејзиниот поранешен сопруг, авторот Ромео Грил. Првиот успешен сејугословенски хит кој произлезе од работата на оваа група бил „Лео“, чиј автор е познатиот македонски композитор Григор Копров. Со оваа песна, на фестивалот „Опатија“ во 1985 година, Калиопи ја добила наградата за најдобра интерпретација од страна на акредитираните југословенски новинари.

Следната година, групата го објавила својот прв албум со назив „Калиопи“. Истата година, тие учествувале и на реномираниот Сплитски фестивал со песната „Да море зна“ и ја добиле наградата за најдобар деби-изведувач на фестивалот.

Нивниот втор албум „Роѓени“ го издале во 1987 година. Албумот бил снимен во Загреб и содржел девет дотогаш необјавени песни, меѓу кои и југословенскиот мегахит „Бато (Роѓени)“, кој и ден-денес важи за еден од најголемите хитови во рамките на поранешната Југославија.

Во време на својата најголема популарност, Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил заминале во Швајцарија, со што групата се распаднала и следела десетгодишна пауза и престанок на нивната активна музичка кариера.

Калиопи во полн сјај ѝ се врати на македонската музичка естрада во 1996 година и оттогаш важи за „кралица на македонската поп-музика“.

Таа го објави својот прв солистички албум „Обои ме“ во декември 1998 година и предизвика вистинска еуфорија во Македонија. Песната „Обои ме“ прерасна во огромен хит, кој високо котираше на сите топ-листи.

Потоа следуваа музичките албуми „Ако денот ми е ноќ“ (2001), „Не ми го земај времето“ (2003), „Желим ти речи“ (2008), „Oblivion“ (2009), „Порака“ (2010) и „Мелем“ (2013).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот