ВИДЕО: Каков резил, цела Европа му се смее: Ја испрати топката преку трибината

epa09123229 Brian Brobbey of Ajax during the UEFA Europa League quarterfinal, 1st leg soccer match between Ajax Amsterdam and AS Roma at the Johan Cruijff Arena in Amsterdam, The Netherlands, 08 April 2021. EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Натпреварот од 36. коло во втората холандска лига помеѓу Алмере и Јонг Ајакс ќе остане во сеќавање на талентираниот фудбалер Брајан Броби.
Вториот тим на Ајакс загуби со 1:0 од третопласираниот Алмере, но натпреварот ќе остане запомнет по потегот на Брајан Броби на кого му се смее цела Европа.
Талентираниот напаѓач кој оваа сезона настапува и за првиот и за вториот тим на Ајакс во 39 минута го изведе пеналот за својата екипа, но топката наместо во мрежата заврши – надвор од стадионот.
Броби не само што успеа да го промаши голот, туку ја примаши и трибината, по што веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот