ВИДЕО | Како на хорор филм: Стотици мртви црни птици паднаа од небо во Мексико

Фото Screenshot Youtube

На социјалните мрежи се појави снимка од стотици црни птици снимени како паѓаат од небото во северниот мексикански град Куахтемок. Повеќето од нив биле мртви, пишува Гардијан. Причината за смртта на големиот број птици останува нејасна.

Снимката од безбедносната камера покажува јато птици преселници како се спуштаат кон куќите како облак од црн чад. Повеќето птици успеваат да одлетаат, но последователните снимки ги покажуваат труповите на птиците расфрлани по улиците на градот.

Инцидентот се случил на 7 февруари, според локалните извештаи. Птиците имаат тенденција да се размножуваат подалеку на север, во САД и Канада, и мигрираат на југ за зима во Мексико.

Според локалниот весник El Heraldo de Chihuahua, кој прв ја објави приказната, еден мексикански ветеринар сугерира дека вината за инцидентот може да лежи во високите нивоа на загадување, во главно поради грејната сезона, агрохемикалиите и студеното време во областа. Друг предлог бил дека птиците биле погодени од струен удар додека одмарале на далноводите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот