Со видеото кое е објавено на официјалниот Телеграм канал на чеченскиот лидер, Кадиров ги оправдува постапките на својот син.

„На интернет сè уште се дискутира дека Адам Кадиров го претепал горачот на Светиот Куран Никита Журавел, соучесник на украинските специјални служби. Секој што ќе го запали Куранот, ќе навреди десетици милиони граѓани на нашата голема земја, мора да претрпи строга казна“, рече Кадиров.