Жереми Бога/Juventus FC

ВИДЕО | Jувентус со среќен гол ја победи Аталанта и го прескокна Комо

Фудбалерите на Јувентус тешко и со многу среќа стигнаа до важна победа над Аталанта во Бергамо од 1-0 со која се искачија на четвртата позиција пред Комо во борбата за место во Лигата на шампионите.

Аталанта во текот на целиот натпревар беше подобар противник на теренот имаше поголем посед на топка, упати над 20 удари, но ниту еден не заврши мрежата.

Од друга страна Јувентус до победата дојде со еден гол од малку комична ситуација на стартот од вториот дел. Тогаш Холм нафрли, голманот на Аталанта лошо го процени летот на топката, а Бога кој иако не шутираше најдобро успеа да погоди.

Сега, Јувентус е четврти со два бода повеќе од Комо кој утре го игра натпреварто од ова коло против лидерот Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот