ВИДЕО | Jувентус го победи Лацио и дојде на чекор од финалето во Купот на Италија

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Иако во калчо-лигата е во сериозна резултатска криза, Јувентус успеа да победи во полуфиналето од Купот на Италија против Лацио со резултат 2:0.

Избраниците на Масимилијано Алегри покажаа знаци на живот и одиграа солиден натпревар против ривалот од кого загубија викендов во првенство (1:0). Во првото полувреме Јувентус денеска доби пенал, меѓутоа истиот по реакција на ВАР собата и анализа беше поништен бидејќи во недозволена позиција се наоѓал Камбијасо.

Отпорот на Лацио беше скршен на стартот од вториот дел кога во листата на стрелци се запиша Федерико Киеза. Јувентус и по водството продолжи да биде подобар противник, па така Душан Влаховиќ постигна гол и ги постави конечните 0:2.

Вториот полуфинален натпревар помеѓу овие две екипи е закажан за 23-ти април на „Олимпико“ во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот