ВИДЕО: ЈСП постапува според одлуката на Владата- сообраќаат околу 190 автобуси

Во рубриката „Скопски агол“ на „Утрински брифинг“ гостуваше портпаролката на Јавното претпријатие ЈСП Скопје, Деспина Трајковска Димова која вели дека претпријатието постапува по одлуките на Владата.

– Од минатата недела ЈСП Скопје како и досега и во овој случај постапи по препораките на одлуките на Владата, односно да се дозволи во јавниот превоз максималната исполнетост да е 50 проценти од вкупниот капацитет на возилата- вели портпаролката на ЈСП Скопје Деспина Трајковска Димова.

Тоа значи, потенцира Деспина Трајковска Димова, дека возниот ред и бројот на возила е согласно тие препораки. Зголем е бројот на возила на поголем број линии.

– Бројот на вклучените возила до пред една недела изнесуваше 140, сега сообраќаат околу 190 возила– вели Деспина Трајковска Димова.

Таа нагласи дека за комплетно да се испочитува мерката на Владата, во автобусите се ангажирани и редари кои физички бројот колку патници има во автобусот.

-Останатите кои се наоѓаат на автобуската станица ќе мора да почекаат да дојде следниот автобус. Моментално автобусите возат по делничен летен возен ред. Дали автобусите ќе почнат да сообраќаат по зимски возен ред не би можела да кажам затоа што ниту една одлука не се прави на своја рака, туку се земаат во предвид валидациите- нагласи Трајковска, и додаде дека автобусите редовно се дезинфицираат, пред и по пуштање во сообраќај.

Проследете го целиот разговор: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот