ВИДЕО | Јовановска: Планирам да се кандидирам за втор градоначалнички мандат

Планирам да се кандидирам за втор градоначалнички мандат. Она што го ветив и планирав сакам да го остварам и да ги заокружам проктите со новиот мандат изјави во Утрински брифинг градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.
„Кога дојдов како градоначалник затекав малтене уништена општина од долгови. Ми требаше година и пол да ги затвориме долговите. Успеавме да се извлечеме од таа ситуација. Најмногу се посветивме на патната инфраструктура и водоводните капацитети“, вели Јовановска.
„Планирам во наредниот мандат да започнам со канализација која воопшто ја нема во нашата општина. Тоа е крупен прокет, но нормално е после водоводите да се оди со решавање на прашањето за канализацијата“, додаде Јовановска.
Целиот разговор со градоначалничката на Старо Нагоричане погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот