ВИДЕО | Јовановска: Гарванлиев владее со сцената во Ротердам

Впечатокот е дека светот конечно се враќа на старите патеки. За да успее настанот Евровизија, организаторот, градот домаќин и сите вклучени подготвија протокол. Но, не е тешко, бидејќи сите живееме повеќе од година дена со мерките за заштита од ковид-19.

Се чувствуваме безбедно, нѐ тестираат на секои 48 часа. Маска мора да се носи во затворениот простор, дистанцата мора да се одржува, изјави Александра Јовановска, шеф на македонската делегација во Ротердам.

– Шоуто мора да се врати на ТВ екраните и да се покаже на светот дека овие настани се возможни. Вчерашниот ден имавме генерална проба. Арената беше полна со 3 500 публика, што не е цел капацитет, но да видите публика на шоуто беше навистина одлично. Музиката треба да победи, но сите се победници бидејќи успеавме сите да се обединиме заедно и да го вратиме шоуто, вели Јовановска.

– Васил е неверојатно силна личност, еден огромен професионалец, владее со сцената, со огромно интенационално искуство. Максимално е вложен во целиот процес, има визија и концепт. Лесно е да се работи со човек како што е Васил. Мал, но компактен тим сме. Настапот ќе биде класичен, елегантен, можеби минималистички, но сцената е полна, бидејќи Васил владее со сцената, доминира вокално, додава Јовановска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот