ВИДЕО: Јокиќ прв стрелец во триумфот над Мемфис, Дончиќ го запиша 75 трипл-дабл во кариерата

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Кошаркарите на Денвер го совладаа Мемфис со резултат 128:103 во НБА лигата, а најефикасен играч на мечот беше Никола Јокиќ кој оствари дабл-дабл учинок. Српскиот центар на Нагетси го заврши натпреварот со 29 поени, 11 скокови и осум асистенции.

Во тимот на Гризлис прв стрелец беше Ламар Стивенс со 19 поени, а два помалку запиша Скоти Пипен јуниор. Денвер, актуелниот НБА шампион, моментно води во Западната конференција, пред Оклахома Сити Тандер, а Мемфис е на 13 место.

Лука Дончиќ, играчот на Далас, го запиша својот 75 трипл-дабл учинок во кариерата, ја водеше екипата до победа на гостувањето во Солт Лејк Сити против Јута со 115:105.

Словенецот во дресот на Маверикси имаше 29 поени, 12 скокови и 13 асистенции, за четврта победа по ред на Далас, но и осма во низа во натпреварите кои не ги пропушти Дончиќ.

Значаен придонес во триумфот имаше и Кајри Ирвинг со 27 поени, а кај „џезерите“ доминираа Лаури Марканен со 34 поени (седум скокови) и Џон Колинс со 21 поен и 11 скокови. Далас е на шестото место во Западот со биланс 42-29, додека Јута е на 12 позиција (29-43).

НБА лига, резултати

Кливленд – Шарлот 115:92
Атланта – Бостон 120:118
Њујорк – Детроит 124:99
Торонто – Бруклин 88:96
Чикаго – Вашингтон 105:107
Хјустон – Портланд 110:92
Сан Антонио – Феникс 104:102
Денвер – Мемфис 128:103
Јута – Далас 105:115
Сакраменто – Филаделфија 108:96
ЛА Клиперс – Индијана 116:133

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот