ВИДЕО | Јокиќ блесна со уште еден монструозен трипл-дабл, па „олади“ новинар: Не е мој Божиќ…

Фото: Denver Nuggets/Тwitter

Изминатата ноќ Никола Јокиќ само уште еднаш покажа дека во овој момент е кошаркарот со најдобра форма во светот. На домашен терен во божиќниот специјал блесна со уште еден монструозен трипл-дабл во победата на Денвер против Феникс (128-125) после продолжение.

Joкиќ повторно блескаше на паркетот и мечот го заврши со 41 поен и по 15 скокови и асистенции. Треба да се каже дека ова е најдобриот трипл-дабл учинок во сите досегашни средби одиграни на католичкиот Божиќ.

Поддршка Јокиќ имаше од Гордон со 28 поени и Мареј 23, додека на спротивната страна Шемет беше најефикасниот со 31 поен. Феникс скоро цел натпревар беше без најдобриот Девин Букер кој се повреди по само пет минути игра.

Во интересна ситуација Јокиќ се најде и по завршувањето на средбата додека разговараше со американски новинар. Разговорот помеѓу Јокиќ и новинарот се заврши така што новинарот му честиташе Божиќ, за потоа да следува одговор од српскиот кошаркар.

„Не е мој Божиќ, но и јас ви посакувам среќен Божиќ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот